MKinformer

your daily dose of news

Полиција упаднала на приватна журка во Гази Баба, има и приведени

13/09/2020 17:48

Синоќа по полноќ, при интервенција на улицата „Димче Милошевски“ во Гази Баба, полицијата упаднала на семејна веселба по поплака за гласна музика.

„А.К.(25) од Битола нападнал полициски службеник. Потоа во вршењето на службени дејствија полициските службеници биле спречувани од Т.П.(26) од Скопје и бил приведен во полициска станица“, информираат од МВР.

Приведен бил и Б.П.(56) од Скопје бидејќи ја организирал семејната веселба, спротивно од препораките од Владата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!