Уапсени петмина тетовци за грабеж на мајка и ќерка
24/09/2020 9:29Петмина тетовци, меѓу кои и 17-годишник, вчера биле уапсени поради разбојништво кое го извршиле на 9 август во стан на ул.„Маршал Тито“ во Тетово над 47-годишната С.Б. и нејзината ќерка.
Вчера, исто така, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во куќата на двајца од приведените, при што била пронајдена марихуана, гасен пиштол, два боеви и три куршуми за гасен пиштол и два метални пендреци.
Сите пет лица се задржани во Полициската станица Тетово и во текот на денот, со соодветен поднесок, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.




![Гoлeмa пoлициcкa aкциja вo Гостивар вo тeкoт нa нoќтa: Пpивeдeни пeт лицa, зaплeнeтa мapихyaнa и кoкaин - oвa ce дeтaлитe policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)

