MKinformer

your daily dose of news

Грабеж на бензинска пумпа во Велес

03/11/2020 15:39

Маскиран крадец со пиштол во рака ограбил бензинска пумпа во Велес е веста која ги вознемири велешани.
Настанот се случил вчера околу 5.30 часот, на бензинската пумпа на „Макпетрол“ на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, кога непознато лице, со закани по живот му ги побарало парите од ноќниот промет на вработениот.

Станувало збор за сума од околу 15.000 денари, која откако ја зел, сторителот побегнал.

Од СВР Велес го потврдија настанот и изјавија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, како дека е направен увид на самото место.

error: Содржината е заштитена од копирање !!