Рекорд во Скопје: Скопјанец фaтeн како возел со 2.33 промили алкoxoл во крвта
15/11/2020 15:46Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, велат оттаму.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 326 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 35, 24 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 67 санкции за неносење заштитна маска.
За управување под дејство на алкoxoл, пак, изречени се 18 санкции, меѓу кои и за двајца возачи со 2.33, односно, 1.93 промили алкохол во крвта.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбеднocта во сообраќајот, велат од МВР.





