ПРИВЕДЕН СКОПСКИ ДИЛЕР НА ДРОГА СО НАД ЕДЕН КИЛОГРАМ МАРИХУАНА
17/11/2020 17:24Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при скопската полиција вчера вечерта извршила претрес во дом и други простории кај Ф.Д. (37) од Скопје.
Како што информираат од МВР, при претресот кај лицето пронајден бил над еден килограм марихуана, таблети, амфетамин, една вага и пари.
Скопјанецот е приведен за понатамошна постапка.






