БУГАРСКАТА ВЛАДА ПОД ПРИТИСОК ДА ПОПУШТИ ЗА МАКЕДОНИЈА
24/11/2020 17:11Десет прашања околу бугарското вето против Северна Македонија се објавени од бугарскиот сајт „Медиапул“ со кои новинарите поставуваат незгодни дилеми во однос на официјалната реторика на Софија.

1. Зошто Бугарија го предложи контроверзниот бизнисмен Орце Камчев за свој почесен конзул во Скопје и со тоа се поврза со корупциските скандали кои го тресат западниот сосед.
2. Зошто Бугарија не покажа конзистентна политика и не го покрена прашањето пред да се приклучи Северна Македонија во НАТО
3. Дали бугарската влада стана „сојузник“ со проруската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ
4. Зошто Бугарија си дозволи да се претвори во „нова Грција“ за Северна Македонија, а Атина да го чува нивното небо и да нарачува вакцини на европско ниво за оваа држава?
62 македонски интелектуалци пратија денеска отворено писмо до владата со кое ја повикаа да не подлегнува на бугарските притисоци.
„Историјата на македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската култура и литература, односно сето она што го дефинира македонскиот идентитет не смее да биде основа за политички диктат, ниту предмет на расправа на т.н. заеднички комисии.“ – стои во отвореното писмо на 62 интелектуалци.
Професорот Владо Поповски во за Студио 10 на ТВ24 вели дека е небулоза тврдењето дека нација и јазик можат да се измислат преку ноќ.
Дали политиката се вмеша и во економијата е прашање после одлуката на Електраните на Македонија да се повлечат од проектот нуклеарна елкетрана „Белене“ и средтсвата да се финансираат во гасна централа во грчки Александополис во која ЕСМ би имале 25%, проект кој инаку кој е силно промовиран од владата на САД.






