MKinformer

your daily dose of news

ПЕНДАРОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ОАЕ

15/03/2023 8:19

Македонските државници, ретко воспоставуваат официјални, државни посети на земји, надвор од европскиот континент.Ние како држава, мораме се повеќе да ги зацврстуваме односите со економски богати земји, како начин на привлекување на директни странски инвестиции, се со цел да се подигне економскиот раст на земјата.

Претседателот на државата Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, престојува во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати.

Како што е најавено, Пендаровски денеска во Абу Даби ќе биде примен од Шеик Мохамед бин Зајед бин Султан Ал Нахјан, претседател на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби.

Во состав на официјалната делегација за време на посетата на ОАЕ, информираа од кабинетот на Пендаровски, е и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

За време на официјалната посета, предвидено е претседателот Пендаровски да положи цвеќе на Вахат Ал Карама (Оаза на достоинството) и да оддаде почит на мачениците и хероите на Обединетите Арапски Емирати.

error: Содржината е заштитена од копирање !!