MKinformer

your daily dose of news

МЕЏИТИ: Балансерот не се укинува, туку се унапредува во закон за правична застапеност

08/07/2024 12:27

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити коментирајќи го тргањето на вадењето на нерезидентното население од балансерот нагласи дека тој не се укинува, туку, како што рече, се унапредува во закон за правична застапеност.

– Не се укинува балансерот туку се унапредува и тоа ќе биде во својство на закон за правична застапеност. Така што, тоа ќе биде во интерес на мултикултурната и мултиетничка држава Северна Македонија, рече Меџити.

error: Содржината е заштитена од копирање !!