MKinformer

your daily dose of news

ОПШТИНА КАРПОШ: ЛЕТУВАЊЕ ЗА НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ И ПРВЕНЦИ НА ГЕНЕРАЦИЈА

03/07/2024 12:09

Минатата недела, поточно од 21 до 27 јуни, најдобрите спортисти за оваа година, победниците во одбојка и фудбал од ООУ,,Владо Тасевски” и ООУ,,Петар Поп Арсов”, кои го освоија првото место на традиционалните спортски училишни лиги во Општина Карпош, го посетија летниот детски камп во Грција, ,,Каливас”, кој се наоѓа во областа Метаморфозис на вториот крак на Халкидики. На наградната екскурзија, им се придружија првенците на генерација од основните училишта во Карпош.

Имено, основците од Карпош имаа можност да се дружат и со учениците од Грција кои беа дел од летниот камп, но и со основците од другите градови од Македонија. Во текот на еднонеделното летно уживање, се одиграа пријателски натпреварувања во фудбал, одбојка и кошарка, како и обука за пливање од тамошните професори-тренери и многубројни спортско рекреативни активности на вода. Учениците имаа можност да бидат дел и од културно забавната програма која беше подготвена специјално за нивниот престој.

Ова не е прв пат Општина Карпош да ги наградува најдобрите основци и спортисти со летна екскурзија, која преку Програмата за спорт и образование, обезбеди финансиски средства за оваа намена.

error: Содржината е заштитена од копирање !!