MKinformer

your daily dose of news

ВИКЕНДОВ ЛЕТНО КИНО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

04/07/2024 10:47

Општина Ѓорче Петров во соработка со Кинотека Македонија за првпат ќе организира низа на филмски проекции низ повеќето населби на територијата на општината. Филмскиот караван започнува овој викенд (6-ти и 7-ми јули) во населба Хром, поточно на полјанката.

Проекциите ќе се реализираат по следниот редослед:

6-ти јули (сабота) во 21ч.
Филм за деца до 15 годишна возраст
„Стела” – Филм на Стојан Вујишиќ

7-ми јули (недела) во 21ч.
Филм за повозрасната генерација
“Те дуа, жими мене” – Филм на Марјан Гавриловски

Целта на овој проект е промоцијата на културата, како и промовирање на македонски филмови, сѐ со цел да ги зачуваме вредностите и културолошки да ја издигнеме нашата општина.

Ваш е само да дојдете и да уживате во овој убав настан, кој веруваме дека ќе остане пракса и понатаму, порача градоначалниикот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски

error: Содржината е заштитена од копирање !!