MKinformer

your daily dose of news

МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА ЉУТКОВ: Постапката за преземањето на Универзалната сала е проблематична, не би ставил свој потпис на ниедна натамошна акција

04/07/2024 13:33

Постапката за преземањето на Универзалната сала на Министерството за култура од Град Скопје е многу проблематична, изјави министерот за култура, Зоран Љутков.

Министерот е дециден, не би ставил свој потпис на ниедна натамошна акција што ќе биде поврзана со Универзалната сала.

„Испративме допис до Државниот завод за ревизија да ја испита целата постапка од самиот почеток досега и ќе донесеме заклучоци по нивниот извештај“, рече Љутков одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на локалитетот Тумба Маџари.

Пожарот во Универзалната сала избувна пред три месеци во текот на градежните активности за време на нејзината реконструкција.

error: Содржината е заштитена од копирање !!