MKinformer

your daily dose of news

ОРБАН ПО ПОСЕТАТА НА УКРАИНА ЌЕ ОДИ ВО МОСКВА НА СРЕДБА СО ПУТИН, ЕУ УПЛАШЕНА И ИЗНЕНАДЕНА

05/07/2024 7:08

Полскиот премиер Доналд Туск го изрази своето изненадување во објава на социјалната мрежа Х по информацијата дека унгарскиот премиер Виктор Орбан би можел да ја посети Москва само неколку дена по неговото патување во Киев.

„Гласините за вашата посета на Москва не можат да бидат точни, Виктор, или можат? напиша Туск, означувајќи го официјалниот профил на унгарскиот премиер во објавата. Информацијата за патувањето на Орбан во Русија ја објавил унгарскиот новинар Шаболч Пањи, а ја потврдиле и извори на „Радио Слободна Европа“.

Унгарската влада се изјасни за да ја потврди посетата. Официјален претставник на Европската унија, кој сакал да остане анонимен, изјавил за Радио Слободна Европа дека Орбан не го информирал Брисел за неговото заминување во Москва.

„Да прашаше Орбан, Шарл Мишел силно ќе го советуваше да не ја оствари посетата“, кажал функционерот.

На овие шпекулации лично одговори Орбан, „Ниту еден лидер во ЕУ не сака војна“, со оваа изјава Орбан најави дека посетата на Москва е исклучиво во насока на постигнување договор за прекин на војната во Украина.

Во вторникот Орбан беше во Киев, каде што им предложи на Украинците да се согласат на прекин на огнот. Претседателот Володимир Зеленски ја отфрли споменатата идеја.

Во понеделникот Унгарија го презеде своето шестмесечно претседавање со Советот на Европската унија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!