MKinformer

your daily dose of news

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КИСЕЛА ВОДА ГО ОТВОРИ НОВИОТ СПОРТСКИ КОМПЛЕКС „БЕЦКО“ ВО ДРАЧЕВО

12/07/2024 8:41

Општина Кисела Вода вчера го отвори новиот модерен спортски комплекс кој зафаќа 5000 квадратни метри. Освен терени за фудбал, кошарка, одбојка и мал фудбал, во овој комплекс ќе има и мотокрос патека.

„Просторот е хортикултурно уреден, oграден, осветлен, со уредени пешачки патеки и урбана опрема, клупи и канти за отпадоци, со што нашите очекувања се дека ова ќе биде често посакувана локација за спортски активности, за дружење, и рекреација, место каде нашите деца ќе можат да растат здраво и среќно.  Воедно, тој претставува еколошки пример за тоа како од дива депонија може да се создаде зелена и уредена оаза.

Сакам да потенцирам дека јас и мојот тим сме посветени на заживување на сите места во нашата општина кои во себе носат потенцијал, а стратегијата за постигнување на рамномерен развој се огледува во обновувањето и градењето на спортската инфраструктура во сите населби и населени места напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Тој доаде дека во неговиот тригодишен мандат, инвестирано е во 20-тина вакви спортски центри, кои се доказ за посветеноста и стремежот кон подобра иднина за сите граѓани.

error: Содржината е заштитена од копирање !!