ВРЕМЕТО ДЕНЕС СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПОПЛАДНЕ СЕ ОЧЕКУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ И СИЛЕН ВЕТЕР
20/07/2024 12:42
Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со силен ветер и град.






