Кинеската амбасада се оградува од толкувањата за вршење „притисок“ врз пратениците Антонио Милошоски и Фатмир Битиќи за нивниот дипломатски преседан со нивната посета на Тајван
31/07/2024 12:01
Кинеската амбасада во Скопје се оградува од толкувањата за вршење „притисок“ врз пратениците Антонио Милошоски и Фатмир Битиќи за нивниот дипломатски преседан со нивната посета на Тајван и присуството на самитот „Интерпарламентарна алијанса за Кина“ во Тајпеј.
Преку своето соопштение тие појаснуваат дека на пратениците им биле посочени повелбите и комуникеата врз кои е воспоставена дипломатската соработка со Народна Република Кина и дека истите мора да се почитуваат.
Во продолжение соопштението од амбасадата на Народна Република Кина:
Неодамна, двајца пратеници од Собранието на Северна Македонија, непочитувајќи го укажувањето и силното противење на Кина, го посетија кинескиот регион Тајван. Ова е силно кршење на принципот една Кина и билатералните политички определби и сериозно ја нарушува политичката основа на односите Кина-Северна Македонија. Тоа, исто така, испраќа екстремно погрешен сигнал до сепаратистичките сили за „независност на Тајван“. Ние цврсто се спротивставуваме и реагираме на ваквата посета.
И Заедничкото коминике за воспоставување дипломатски односи меѓу Народна Република Кина и Република Македонија потпишано на 10 декември 1993 година и Заедничкото коминике меѓу Народна Република Кина и Република Македонија за нормализирање на односите потпишано на 18 јуни 2001 во кое јасно пишува дека „Владата на Република Македонија категорично признава дека постои само една Кина во светот, дека Владата на Народна Република Кина е единствената легална влада што ја претставува цела Кина и дека Тајван е неотуѓив дел. на кинеската територија и потврдува дека нема да стапи во официјални односи во каква било форма или да се вклучи во каква било официјална размена со Тајван“. Посетата на двајцата пратеници е целосно спротивна на горе споменатите коминикеа.
Пратениците се далеку од обичните граѓани; тие имаат значајно политичко влијание и се јавни функционери кои треба да се придржуваат до принципот една Кина до кој се придржува владата на Северна Македонија. За време на посетата на Тајван, членовите на парламентот ја искористија својата официјална титула и се сретнаа со лидерите на регионот на Тајван, па затоа нивната посета никогаш не може да се смета за „лична активност“, туку настан од официјална суштина. Посетите на членовите на парламентот или дури и на лидерот на парламентот на Тајван, без разлика во која било форма или од која било причина, се голема политичка провокација во обидот за надградба на официјалната размена меѓу Северна Македонија и Тајван. Укажувањата зашто да не го посетат Тајван е во насока да се избегне наштетување на билатералните односи и да се потсетат да останат верени и доследни на меѓународните одговорности на кои се обврзала Северна Македонија. Сепак, таквиото укажување се сметаше за „притисок“ или „закана“ без причина. Никогаш нема да прифатиме такви тврдења. Уште еднаш, ги повикуваме релевантните политичари да го сменат курсот и веднаш да се вратат на вистинскиот пат.
Има само една Кина во светот, а Тајван е неотуѓив дел од кинеската територија. Принципот на една Кина е универзален консензус на меѓународната заедница и основна норма во меѓународните односи и делува како основа за 183 земји, вклучително и Северна Македонија, да воспостават дипломатски односи со Кина. Кина силно ги повикува релевантните политичари да престанат да ги поддржуваат и да се договараат со сепаратистичките сили за „независност на Тајван“ во која било форма. Тие треба да преземат веродостојни активности за строго почитување на принципот една Кина и одредбите од заедничките коминике потпишани од двете земји, на кои се обвразала Република Северна Македонија, стои во соопштението од Кинеската амбасада во Скопје






