Македонија утрово најстудена: Попова Шапка и Маврови Анови со -7 степени
16/01/2025 10:55
Утрово во Македонија со најниски температури на Попова Шапка и Маврови Анови, каде што температурите достигнале до -7 целзиусови степени.
Останатите температури варираат од -5 во Крушево, -4 во Крива Паланка, -3 во Берово, Дебар и Виница, -2 во Тетово, Битола и Прилеп, -1 во Охрид, Претор, Штип, Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци, 0 степени во Скопје-Петровец, Струмица, Велес и Демир Капија и до 2 степени во Гевгелија. Снежната покривка е значителна на високите планински локалитети, со најголеми вредности од 57 сантиметри на Попова Шапка и 50 сантиметри на Маврови Анови и 33 сантиметри во Крушево.
Во текот на денот се очекува променливо облачно време со можност за слаб снег,особено во планинските региони. Температурите ќе се движат од -1 до 7 степени, а во Скопје максималната температура ќе достигне 4 степени со појава на слаба магла.




