Тинејџер претрпе струен удар при качување на вагон-цистерна во Кисела Вода
17/01/2025 14:47
Момче (17) од Скопје претрпело струен удар додека се качувало на вагон-цистерна во Кисела Вода. При инцидентот, вагонот се запалил, а момчето било пренесено во болница, информира полицијата.
“Вчера (16.01.2025) во 14:55 часот , 17-годишно момче од Волково, додека се качувало на вагон-цистерна, претрпело струен удар, при што дошло до пожар. Повреденото момче веднаш било пренесено во Ургентниот центар со возило на Итна помош“, соопштија од МВР.






