Уапсена жена за смртната сообраќајна несреќа во Волково
04/01/2026 13:17
🚔 Уапсена жена која смртно прегази пешак во Волково
Жената која синоќа со автомобил усмрти пешак во скопската населба Волково е лишена од слобода, соопшти Министерство за внатрешни работи.
Несреќата се случила околу 20:55 часот на улицата „100“ во Волково. Според полициското соопштение, 40-годишната М.С. од Скопје, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, удрила во пешакот Г.И. (60) од Волково.
Поради тешките повреди, пешакот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. По пријавата, увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Нова жртва во сообраќајот: Прегазен пешак во Волково, починал на лице место
Возачката била лишена од слобода во 00:45 часот на 4 јануари, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.



![18-годишник со мотор загина во тешка сообраќајна несреќа во Чаир soobrakajka-motor[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/soobrakajka-motor1.jpg)

