Прекини во снабдувањето со струја во неколку скопски општини и села денеска
23/01/2025 9:29
Денес, поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во следните подрачја:
- Од 9:00 до 14:00 часот ќе бидат без струја дел од жителите на скопското село Кондово.
- Во периодот од 8:30 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Стоби“, „Пробиштипска“, „Мице Козар“ и „Социјалистичка зора“ во Општина Ѓорче Петров.
- Од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат селата Пакошево и Ново Село во Општина Зелениково.
Сите прекини се предизвикани од технички интервенции на дистрибутивната мрежа, како што соопшти РЦУК – Скопје.




