MKinformer

your daily dose of news

ЗАПАЛЕНО ВОЗИЛО НА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ВО СКОПЈЕ

03/02/2025 17:55

Во текот на ноќта засега непознати сторители опожариле автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен, информираат од Јавното обвинителство.

– Првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија.

Истражните органи работат на расчистување на настанот и на целосно утврдување на причините – велат од ОЈО.

error: Содржината е заштитена од копирање !!