СЛАТКИ СЕ ПАРИТЕ: Пратениците не ја поддржаа иницијативата за намалување на патните трошоци
12/02/2025 19:06
Предлогот на Левица за дополнување на Законот за пратеници, по скратена постапка, со кој оваа пратеничка група бара ограничување на патните трошоци на пратениците не доби поддршка на денешната (12 февруари) 34-та собраниска седница. Предлогот не беше ставен ниту на Дневен ред.
„ДПМНЕ не го изгласа предлог-законот на Левица за намалување на патните трошоци на пратениците! Честито нови милиони евра, колеги патриоти. Со здравје да си ги трошите“, напиша лидерот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук, откако предлогот не доби поддршка.
Опозициската СДСМ ја поддржа иницијативата, подвлекувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не се откажуваат од патните трошоци, „додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај“.






