Skip to content

Централната изборна комисија на СДСМ ја утврдила кандидатурата на Венко Филипче како единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори, кои ќе се одржат на 16 март 2025 година.
Одлуката ќе биде објавена на официјалната веб-страница на СДСМ, заедно со програмата на кандидатот, а ќе биде доставена и до сите општински изборни комисии.
Од партијата нагласуваат дека СДСМ е единствената политичка организација во земјата каде што членството директно го избира претседателот, што го потврдува нејзиниот висок демократски капацитет.
error: Содржината е заштитена од копирање !!