Времето денеска претпладне ќе биде облачно, со појава на магла во некои котлини, додека во текот на денот ќе има повремен локален дожд, најмногу во југозападните региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието краткотрајно ќе се засилува.
Минималните температури ќе бидат во опсег од 0 до 8 степени Целзиусови, а максималните ќе се движат од 7 до 12 степени.
Во Скопје, претпладне се очекува магла во делови од котлината, додека попладне ќе биде променливо облачно со можност за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе се засилува. Минималната температура ќе биде околу 3 степени, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и за време на викендот врнежите ќе бидат поројни на некои места. Во недела и понеделник, на повисоките планински области и некои повисоки места во северните делови, врнежите ќе бидат во форма на повремен снег.