Секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија, а 20.000 деца немаат здравствена заштита
14/05/2025 15:45
Секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија, а 20.000 деца немаат здравствена заштита покажуваат податоците на УНИЦЕФ. Дополнително, помалку од 37% од децата на возраст од 3 и 6 години имаат пристап до предучилишно образование, а половина од децата со попреченост не продолжуваат во средното образование.
Европската гаранција за деца како механизам на ЕУ за спречување на сиромаштијата и социјалната исклученост е особено релевантна за Македонија каде секое трето дете живее во сиромаштија. Ова е значително повисока стапка од општата стапка на сиромаштија кај вкупното население. Особено ранливи се Ромите, децата што живеат со еден родител и оние што живеат во семејства со три и повеќе деца.
Потребен е нов пакет услуги за спрaвување со растечките стапки на детска сиромаштија и исклученост, смета министерот за социјална политика демографија и млади.



![Ново поскапување преку скалесто плаќање на струјата struja-1-640x427[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/struja-1-640x4271-1.jpg)

