ДЕНЕС СЕ ОЧЕКУВА ТАРАВАРИ ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ЌЕ ГО СЛЕДАТ ЛИ ПАРТИСКИТЕ КАДРИ?
15/05/2025 11:28
Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека денеска ќе ја поднесе оставката од министерската позиција, по одлуката неговото крило од Алијанса за Албанците да ја напушти владината коалиција.
Тој очекува и останатите партиски кадри во институциите да бидат разрешени.
Неизвесно е дали со неговото заминување ќе си замине и вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој до сега не даде конкретен одговор.
Премиерот Мицкоски најави дека следната недела ќе биде познат новиот состав на Владата. Лидерот на Беса, Билал Касами, порача дека ресорот здравство ќе остане во рацете на коалицијата Влен. Од Владата потврдија дека нема да има реконструкција, туку само замена на министри.






