MKinformer

your daily dose of news

Во Шутка приведени две лицa – украле вредни предмети од црква во Сопиште

28/05/2025 8:33

Двe лица од Скопје се лишени од слобода поради тешка кражба во црквата „Св. Спас“ во село Сопиште, информира МВР.

Како што соопшти Министерството, на 26 мај 2025 година полициски службеници ги привеле Р.Д. (30) и М.Ј. (39), поради основано сомнение дека се одговорни за кражбата извршена на 19 мај, кога од црковниот објект биле одземени вредни предмети.

„Веднаш по пријавата беа преземени соодветни мерки и активности од страна на СВР Скопје. Лицата се пронајдени на територијата на Шуто Оризари и се приведени. Во службен разговор го признаа делото, а украдените предмети се пронајдени и вратени на црквата“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!