Земјотрес почувствуван во Кичево и Охрид
07/09/2025 10:02
Синоќа во 20:39 часот е регистриран земјотрес со локална магнитуда од 2.7 степени според Рихтер на територијата на Македонија.
Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ – Скопје, епицентарот на земјотресот се наоѓал во епицентралното подрачје на Кичево, на околу 75 километри југозападно од главниот град.
Земјотресот имал интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала (EMS) и бил почувствуван во Кичево, Охрид и нивната околина.
Нема информации за предизвикани штети.



