Обвинетиот во случајот „Пулс“, Крешник Бектеши, присуствуваше на митинг на ДУИ: „Ураган на орли!“
29/09/2025 13:26Крешник Бектеши, еден од обвинетите во случајот „Пулс“, кој по неколкумесечен притвор сега ја чека судската постапка од слобода, вчера се појави на митинг на ДУИ. За своето присуство се пофали и на социјалните мрежи, каде сподели фотографија и напиша: „Ураган на орли!“
Ова доаѓа откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во својот говорот користеше и метафори, порачувајќи: „Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли“. На ова ВМРО-ДПМНЕ му врати Ахмети: „Не си орел, туку обично врапче“.
На собирот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ присутните беа поздравени со извици „УЧК, УЧК“ додека на видео-бимот се прикажуваа инсерти од војната во 2001 година. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја искористи конвенцијата за да упати силна порака до Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги за укинување на правата на Албанците, суспендирање на законот за албански јазик и нарушување на Охридскиот рамковен договор.
Крешник Бектеши, кој беше министер за економија во претходната влада, беше обвинет за злоупотреба на службената положба во врска со издавањето дозвола за работа на дискотеката „Пулс“ во Скопје. По неколкумесечен притвор, тој беше пуштен на слобода и сега ја чека судската постапка.
Неговото присуство на митингот на ДУИ и неговата објава на социјалните мрежи предизвикаа реакции во јавноста, со оглед на неговиот статус како обвинет во актуелен судски процес.




![Пoднeceн oбвинитeлeн aкт пpoтив ocyм лицa, пpипaдници нa ИCИC policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)


