MKinformer

your daily dose of news

Денес променливо облачно со дожд на планините снег

01/10/2025 8:52

Времето денес ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне се очекуваат локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират низ целата земја и на поедини места ќе бидат пообилни. Минималните температури ќе се движат од 4 до 14 степени, а максималните од 15 до 20.

Во Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно со слаб северен ветер. Кон крајот на денот и особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Температурите во главниот град ќе се движат од 10 до 19 степени.

Прогноза за наредните денови

Под влијание на влажен бран, до петок ќе продолжат врнежите од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Се очекува на повеќе места да наврнат над 30 литри на квадратен метар, а на некои локации и над 50.

Од четврток, со продор на постудена воздушна маса од север, на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. До петок, снег е можен и на некои повисоки населени места, каде што ќе се формира снежна покривка. Температурите значително ќе опаднат.

За време на викендот метеоролозите најавуваат стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

error: Содржината е заштитена од копирање !!