MKinformer

your daily dose of news

Зголемен водостој на Вардар и неколку притоки, стабилни нивоата на езерата

11/11/2025 13:23

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска е забележано зголемување на водостојот на неколку реки во земјава. Најизразен пораст има реката Вардар, особено во делниците кај Јегуновце и Демир Капија.

Покачување на нивото е регистрирано и кај реките Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања и Сатеска кај селото Ботун.

Од друга страна, Црна Река кај Новаци, Пчиња кај Пелинце и Крива Река кај Крива Паланка бележат пад на нивото, кое моментално е под просекот за овој период од годината.

Според УХМР, нивото на водата во трите природни езера, Дојранско, Преспанско и Охридско, останува стабилно и во рамките на просечните вредности за месец ноември.

error: Содржината е заштитена од копирање !!