Повторени избори во пет општини – Собранието закажа гласање на 11 јануари
17/11/2025 14:35
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го потпиша актот со кој официјално се распишуваат повторени избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа. Гласањето ќе се одржи на 11 јануари 2026 година, согласно Уставот и изборните закони.
Со стапувањето во сила на одлуката, почнуваат да течат сите законски рокови за подготовка на изборниот процес. Гаши апелираше до Државната изборна комисија, општинските изборни комисии и набљудувачите да постапуваат одговорно, транспарентно и професионално, а политичките партии ги повика да водат фер и мирна кампања.
Според податоците од ДИК, изборите во првиот круг беа неуспешни затоа што излезноста не ја надмина законски утврдената граница од најмалку една третина од запишаните гласачи.
Во првиот круг излезноста изнесуваше:
-
Гостивар – 33,31%,
-
Врапчиште – 25,18%,
-
Маврово и Ростуше – 30,31%,
-
Центар Жупа – 21,49%.
ДИК денеска ќе ја започне организацијата за повтореното гласање.




