MKinformer

your daily dose of news

Рубио: Ова е најголемата пречката во мировните преговори за Украина

03/12/2025 10:14

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека клучното прашање во мировните преговори за Украина се однесува на дел од територијата на т.н. Доњецка Народна Република (ДНР) — околу 20 отсто од Доњецката област што моментално е под контрола на Киев. Во интервју за „Фокс Њуз“, тој појасни дека разговорите се фокусирани на подрачје широко 30 до 50 километри, при што се оценува што Украина би можела да прифати како долгорочни безбедносни гаранции.

Рубио истакна дека и покрај очекувањата, конфликтот не се покажал како „најлесниот мировен договор“. Според него, двете страни трпат огромни загуби, а ниту една нема традиционална „победа“. Тој посочи:
„Русите – 7.000 руски војници умираат неделно… Губат 7.000 војници неделно само на руската страна“, додавајќи дека страдањата на Украина се уште поголеми.

Целта на преговорите, според Рубио, е да се спречат идни напади врз Украина, да се обнови економијата и да се гарантира нејзиниот суверенитет. Тој дури наведе дека,
„Теоретски, правејќи ги вистинските работи, за 10 години БДП на Украина би можел да биде поголем од рускиот“.

Рубио нагласи дека САД се единствените што можат да разговараат со двете страни и дека претседателот Доналд Трамп активно работел на намалување на тензиите меѓу Москва и Киев:
„Единствениот лидер во светот кој може да разговара со двете страни и да постигне договор… е претседателот Трамп“, рече Рубио.

Тој смета дека е нереално војната да продолжи уште многу години, но и дека бесконечно финансирање на Украина не е возможно:
„Тоа не е реално… Не можете да ги одржите размерите и обемот на тоа“.

Говорејќи за ситуацијата на терен, Рубио потсети дека Украина успеала да ја потисне руската армија далеку од претходно заземените позиции, но конфликтот преминал во војна на исцрпување, при што Русија покажува подготвеност за огромни човечки загуби.

Според него, конечната одлука за прекин на војната ја носи единствено Владимир Путин, а иако десет месеци се водат интензивни дипломатски контакти, страните сè уште не се блиску до конечен договор.
„Ќе се обидеме да ги собереме двете страни… Постигнавме извесен напредок“, заклучи Рубио.

error: Содржината е заштитена од копирање !!