Сончево и невообичаено топло за декември: Магла наутро, температури до 15 степени
14/12/2025 10:09
Времето денеска ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност. Во утринските часови, на одделни места, ќе има појава на магла и зголемена ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од -4 до 3 степени, додека дневните максимални ќе достигнат меѓу 10 и 15 степени Целзиусови.
Во Скопје, во претпладневните часови, во делови од котлината се очекува појава на магла. Подоцна во текот на денот времето ќе биде сончево, релативно тивко, со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2 степени, а максималната ќе достигне околу 11 степени.
Стабилното и суво време ќе продолжи и во текот на следната седмица. И понатаму, во ноќните и утринските часови, по котлините и речните долини ќе се задржува магла, додека дневните температури ќе останат над просекот за овој период од годината.






