Вилма Русковска го пријави Бојан Јовановски – Боки 13 за телефонско вознемирување
20/12/2025 16:04
Поранешната обвинителка Вилма Русковска поднела пријава во полиција против Бојан Јовановски – Боки 13, обвинувајќи го за телефонско вознемирување.
Според поднесената пријава, инцидентот се случил на 18 декември 2025 година во вечерните часови, кога Јовановски за време на негово живо вклучување на YouTube повеќепати ѝ се јавувал на Русковска, иако таа ги одбивала повиците.
На видеото што кружи на социјалните мрежи се гледа дека комуникацијата била проследена со навредливи и вознемирувачки изјави од страна на Јовановски. Во еден момент, Русковска го предупредила дека ќе го пријави во полиција доколку продолжи, но пораките и повиците не престанале.
Од Министерството за внатрешни работи за медиумите потврдија дека пријавата е заведена и дека е започната постапка за расчистување на случајот.

![Зaпoчнyвa oпepaциjaтa “Cмeнa нa Русковска”, eкc oбвинитeл oд СЈО глaвeн кaндидaт зa нacлeдник vilma-Ruskovska-696x487[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/vilma-Ruskovska-696x4871-1.jpg)




