Kој сѐ се тепал низ Скопје во минатите два дена?
21/12/2025 9:32
Во текот на 19 и 20 декември 2025 година во СВР Скопје биле евидентирани повеќе пријави за физички напади на различни локации во главниот град, информира Министерството за внатрешни работи.
На 19 декември, во 18:45 часот, 64-годишната М.М. од Скопје пријавила дека околу 15:20 часот била физички нападната од К.Б. во дворно подрачје на семејна куќа во Бит Пазар.
Во 15:00 часот истиот ден, 46-годишната А.С. пријавила дека додека патувала со автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Гази Баба, била нападната од И.С. (39), исто од Скопје.
Подоцна, во 21:05 часот, 55-годишната С.Ј. пријавила дека околу 17:20 часот, при влегување во автобус на ЈСП во Драчево, била физички нападната од засега непознато женско лице.
Во 12:55 часот бил пријавен и инцидент во угостителски објект, каде 32-годишната И.Ј. ја нападнала 30-годишната М.Н.Д. Неколку минути подоцна, во 13:00 часот, било пријавено дека пред истиот објект И.Ј. била нападната од нејзиниот сопруг С.Ј. (29).
На 20 декември, во 04:30 часот, 40-годишната С.В. пријавила дека околу 00:45 часот била нападната од М.Л. пред угостителски објект во Центар. Според изјавата, претходно била нарушена јавната безбедност по физичка пресметка меѓу неа и друго женско лице, С.К.
Од МВР соопштуваат дека сите случаи се во постапка на целосно документирање и дека по нивната обработка ќе следуваат соодветни поднесоци. Надлежните службеници преземаат мерки за целосно расчистување на инцидентите.


![Алармантна низа случаи на насилство врз жени: Повеќе пријави за физички напади, закани и вознемирување во еден ден semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)



