Опасна реторика на Кренар Лога: Етнички клуч наместо стручност во институциите
18/01/2026 13:47
Поранешниот министер за правда Кренар Лога преку објава на социјалните мрежи пласира опасен и длабоко проблематичен наратив, кој наместо да повикува на законитост, професионализам и институционална одговорност, поттикнува меѓунационална нетрпеливост и подбуцнува конфликт.
Во својот Фејсбук статус, Лога изнесува селективни податоци и полувистини, со кои настојува да создаде впечаток за „институционално чистење“, притоа отворено промовирајќи кадровски решенија по етнички клуч, а не според образование, компетентност и законска процедура.
Наместо да инсистира на јасни конкурси, критериуми и транспарентност, поранешниот министер ја сведува целата тема на етничка припадност, што е директно спротивно на уставниот принцип на еднаквост, но и на европските стандарди за јавна администрација – стандарди кои токму тој, како министер, требаше да ги штити.
Политика на поделби, не на решенија
Лога тврди дека во Шумската полиција нема Албанци на раководни позиции и дека се врши систематска дискриминација, но не приложува ниту еден доказ за тоа:
-
дали разрешените лица ги исполнувале законските услови,
-
дали имале соодветно образование и безбедносни сертификати,
-
дали постапките се резултат на дисциплински, организациски или законски промени.
Наместо факти, јавноста добива етнички наратив со опасна порака:
👉 не е важно кој е најстручен, важно е кој националноост е.
Лицемерие од позиција на поранешен функционер
Особено загрижува фактот што ваква реторика доаѓа од поранешен министер за правда, човек кој мора да знае дека:
-
институциите не смеат да се водат по етнички квоти,
-
дискриминација се докажува со факти, не со статуси,
-
а јавниот збор носи одговорност, особено во чувствително мултиетничко општество.
Со вакви објави, Лога не придонесува кон соживот, туку фрла масло на оган, обидувајќи се да ја етнизира секоја кадровска одлука и да ја претстави државата како поле за меѓуетничка пресметка.
Опасна порака до јавноста
Ако логиката на Лога се прифати, тогаш:
-
образованието станува небитно,
-
стручноста е споредна,
-
а институциите се делат по етнички штабови.
Тоа не е европска држава.
Тоа е рецепт за трајна нестабилност.
Еве што пишува Лога.





