MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Трендафилов жестоко ги нападна пратениците: Се кријат од работниците и од сопствениот народ

10/02/2026 13:46

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, утрово упати директни и остри обвинувања кон пратениците, оценувајќи дека тие се кријат од сопствениот народ и од работниците.

Според Трендафилов, дел од пратениците намерно дошле на работа уште пред 9 часот, со цел да избегнат средба со работниците кои бараат повисоки плати и достоинствени услови за живот.

Добро утро на сите, освен на пратениците. Зошто освен на нив? Затоа што веќе две години го блокираат предлогот на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на работничките плати, за покачување на минималната плата и на сите останати плати за најмалку 600 евра во денарска противвредност“, порача Трендафилов.

Од ССМ потсетуваат дека нивните барања не се нови и дека подолго време инсистираат на системско зголемување на платите, особено во услови на висока инфлација и раст на трошоците за живот. Според синдикатот, додека работниците едвај врзуваат крај со крај, политичарите избегнуваат одговорност и конкретни одлуки.

Изјавата доаѓа во период на засилени синдикални активности и притисоци кон Собранието на Република Северна Македонија, со најави дека ССМ нема да се откаже од своите барања сè додека работничките плати не добијат реално и значајно зголемување.

error: Содржината е заштитена од копирање !!