MKinformer

your daily dose of news

Јосифоска и Бубевски бараат извинување од Кадриу и најавуваат тужба, Кадриу не планира да се извини

12/02/2026 21:06

По реакцијата на обвинителот Гаврил Бубевски во врска со изјавите на адвокатката Лејла Кадриу, денеска со соопштение се огласи и обвинителката Елизабета Јосифоска.

Јосифоска наведува дека Кадриу на нејзина сметка изнела „низа невистини, лаги и клевети“ во однос на нејзиното постапување како јавен обвинител во рамки на Специјално јавно обвинителство, како и за работењето на целата институција.

Во реакцијата се истакнува дека ваквите тврдења сериозно го нарушуваат угледот на обвинителството и на носителите на функцијата јавен обвинител.

Јосифоска и Бубевски побараа Кадриу јавно да се извини за изнесените наводи, а во спротивно најавија поднесување тужба.

Од друга страна, Кадриу преку социјалните мрежи порача дека не гледа основ за извинување.

„Не гледам основ за извинување кога сум изнела факти хронолошки и професионално, но ако за нив вистина е навреда, тоа е веќе нивен проблем, не мој“, напиша таа.

Случајот отвора нова јавна полемика меѓу правните претставници и обвинителството, а останува да се види дали спорот ќе заврши на суд.

error: Содржината е заштитена од копирање !!