MKinformer

your daily dose of news

Жичницата на Водно вон функција поради дожд и силен ветер

17/02/2026 16:23

Жичницата на Водно денеска нема да сообраќа поради неповолни временски услови, информира ЈСП Скопје.

Од јавното сообраќајно претпријатие соопштија дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и веднаш штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници.

Од ЈСП апелираат до граѓаните за разбирање и препорачуваат навремено информирање пред планирање на посета на Водно.

error: Содржината е заштитена од копирање !!