MKinformer

your daily dose of news

Со 63 гласа „за“ Гоце Наумовски избран за нов Уставен судија

18/02/2026 17:17

Професорот Гоце Наумовски, кој претходно беше советник на премиерот Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница е избран за нов судија на Уставен суд на Република Македонија.

За неговиот избор гласаа 63 пратеници, седум беа против, а воздржани немаше.

Наумовски се најде на списокот на советници на Владата објавен во јануари минатата година, каде беше наведено дека го советува премиерот за прашања од областа на правото.

Тој е редовен професор на катедрата по Римско право и предава повеќе предмети, меѓу кои Римско право, Право и информатичка технологија, Право на трговски марки и географски називи, Патентно право, Спортско право, Реторика, Интелектуална сопственост и Правна аргументација.

Со изборот, Наумовски доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата поради здравствени и лични причини, како што информираа од Уставниот суд.

error: Содржината е заштитена од копирање !!