Студено утро, попладне променливо облачно – од ноќта дожд и снег
19/02/2026 9:57
Утрото ќе биде ведро и студено, додека во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и умерен југоисточен ветер.
Во текот на ноќта и во петок, под влијание на нов влажен бран, ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места дождот ќе преминува во снег. На планините се очекуваат врнежи од снег. Пообилни врнежи се најавуваат во западните делови од земјата, каде локално може да наврнат до 25 литри на метар квадратен. Не се исклучува и појава на грмежи на одделни места.
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено, со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник се очекува стабилизирање на времето – претежно сончево и со постепен пораст на дневните температури.




