MKinformer

your daily dose of news

Без вода во Драчево од 08:30 часот поради интервенција на мрежата

21/02/2026 9:44

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека денеска дел од корисниците во село Драчево, општина Кисела Вода, ќе останат без водоснабдување поради интервенција на водоводната мрежа.

Според соопштението, ќе се врши замена на воздушен вентил на улицата „Јустинијан Први“, во близина на мостот. Поради изведување на зафатот, водата ќе биде прекината од 08:30 часот и ќе трае до целосно завршување на санацијата на дефектот.

Од претпријатието апелираат до граѓаните навремено да обезбедат потребни резерви на вода за периодот додека трае интервенцијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!