MKinformer

your daily dose of news

Променливо облачно со сончеви периоди и можен слаб снег – од недела стабилизација

21/02/2026 8:49

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег, особено во повисоките делови од земјата.

Ќе дува умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено засилен. Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 6 степени, додека максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до околу 4 степени, а во текот на денот ќе достигне до 10 степени.

За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре се можни услови за провејување на слаб снег. Од недела следува период на стабилно време со повисоки дневни температури.

error: Содржината е заштитена од копирање !!