MKinformer

your daily dose of news

Се предаде насмеан, а во Шутка е загрижен за неговата безбедност: Артан Груби сместен во посебна ќелија со обезбедување

23/02/2026 19:19

Поранешниот вицепремиер и функционер на Демократска унија за интеграција, Артан Груби, кој утринава се предаде на граничниот премин Граничен премин Блаце, е спроведен во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка.

Според информации од установата, Груби е сместен во посебна ќелија со уште еден притвореник, а до просторијата има 24-часовно обезбедување од безбедносни причини.

Навел дека не се чувствува безбедно

Од затворските служби информираат дека при приемот, како што налага процедурата, притвореното лице било прашано дали се чувствува загрозено од некого во установата.

Според нивните наводи, Груби изјавил дека не се чувствува безбедно, наведувајќи дека „сè е против него“. Тој посочил дека има сознанија за присуство на одредени лица од кои се чувствува небезбедно, поради што е донесена одлука да биде сместен со притвореник од македонска националност и без дополнителни лица во просторијата.

Истрага за „Државна лотарија“

Груби беше во бегство повеќе од една година, откако во декември 2024 година ја напушти државата по отворањето на истрагата поврзана со наводна проневера на над 8 милиони евра во Државна лотарија.

По неговото предавање, веднаш е спроведен во притвор. Пред судија на претходна постапка би можел да се појави доколку побара повторување на постапката што беше завршена во негово отсуство.

Осомничен и директорот Бајрами

Во истиот предмет осомничен е и Прпарим Бајрами, претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Државна лотарија“, кој исто така се наоѓа во бегство.

Против Груби е побаран притвор за кривично дело „проневера во службата“, согласно член 354 од Кривичниот законик.

error: Содржината е заштитена од копирање !!