MKinformer

your daily dose of news

Без вода делови од Карпош и Бутел

27/02/2026 9:11

Делови од општините Карпош и Бутел денеска ќе останат без вода поради интервенции во водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Во општина Карпош, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување нов водоводен приклучок на улицата „Демир Трајко“ бр. 51. Без вода ќе бидат корисниците од улицата „Демир Трајко“, како и краците 1, 3, 5, 7, 9 и 11 од улицата „Партизанска“.

Водоснабдувањето во овој дел од општината ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Во општина Бутел, пак, прекин на водата ќе има поради дефект на водоводна инсталација на улицата „Хо Ши Мин“ бр. 292. Водоснабдувањето таму ќе биде прекинато од 10:00 часот и ќе се нормализира по санирање на дефектот.

Од претпријатието апелираат граѓаните навремено да си обезбедат резерви со вода за периодот додека траат интервенциите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!