MKinformer

your daily dose of news

Семејството тврди: „Ова не беше несреќа, туку убиство“

02/03/2026 22:11

Братот на трагично починатата жена која заедно со своето дете падна од 6 кат од зграда во скопската населба Карпош, преку објава на социјалните мрежи упати тешки обвинувања за институционални пропусти.

Во своето јавно обраќање, таа наведува дека трагедијата не била несреќен случај, туку „убиство“, обвинувајќи ги институциите дека не постапиле соодветно, по години пријавувано семејно насилство, закани и наводен обид за убиство.

Во објавата се посочува дека биле поднесувани повеќе пријави за физичко и психичко насилство, но дека, според семејството, немало соодветна реакција од надлежните.

„Денес потфрли МВР, социјалните служби, потфрли целиот систем“, пишува сестрата, додавајќи дека ќе бараат правда и целосна одговорност.

Од Министерство за внатрешни работи претходно потврдија дека настанот бил пријавен во СВР Скопје, но истрагата за околностите сè уште е во тек.

Апел да не се шпекулира

Семејството апелира до јавноста и медиумите да не шпекулираат со причините за трагедијата, но истовремено бара случајот да не биде заборавен и да не остане „само бројка во системот“.

Надлежните институции засега немаат објавено дополнителни детали, а се очекува по завршување на истрагата да бидат соопштени повеќе информации.

Трагедијата ја отвори повторно темата за постапувањето по пријави за семејно насилство и ефикасноста на системот за заштита.

🚨 (ФОТО и ВИДЕО) Трагедија во Карпош: Мајка и дете паднале од зграда кај „Алумина“

One thought on “Семејството тврди: „Ова не беше несреќа, туку убиство“

Comments are closed.

error: Содржината е заштитена од копирање !!