MKinformer

your daily dose of news

🚨 (ФОТО и ВИДЕО) Трагедија во Карпош: Мајка и дете паднале од зграда кај „Алумина“

02/03/2026 17:04

Трагичен инцидент попладнево се случил во скопската населба Карпош, во близина на зградата „Алумина“, каде според првичните информации мајка и дете паднале од балкон.

Од СВР Скопје за медиумите потврдија дека околу 14:15 часот било пријавено дека од балкон во зграда во Карпош скокнала жена со дете.

Полиција и Брза помош на терен

Жители од овој дел на Скопје сведочат за зголемено присуство на полициски екипи, додека на местото биле упатени и екипи на Итна медицинска помош.

Засега нема официјални информации за здравствената состојба на лицата, ниту за околностите под кои се случил настанот. Надлежните служби преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе детали се очекуваат по завршување на увидот.

2 thoughts on “🚨 (ФОТО и ВИДЕО) Трагедија во Карпош: Мајка и дете паднале од зграда кај „Алумина“

Comments are closed.

error: Содржината е заштитена од копирање !!