MKinformer

your daily dose of news

Американскиот воен брод USS Tripoli пристигна на Блискиот Исток со 3.500 маринци

28/03/2026 23:00

USS Tripoli Американскиот амфибиски јуришен брод USS „Tripoli“ (LHA-7), на кој се наоѓаат околу 3.500 маринци, пристигна во регионот на Блискиот Исток, соопшти денеска американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).

Во објава на платформата X, ЦЕНТКОМ информираше дека станува збор за амфибиски јуришен брод, кој во регионот е распоредeн заедно со придружни транспортни и јуришни авиони.

Според претходна изјава на воен извор за Си-ен-ен, присуството на оваа експедициска единица на маринци им овозможува на американските команданти дополнителна флексибилност во случај на различни можни непредвидени ситуации.

САД испраќаат воена флота и носач на авиони кон Блискиот Исток поради растечки тензии со Иран

USS Tripoli пристигна на Блискиот Исток како дел од поширокото американско воено позиционирање во чувствителниот регион, каде состојбите и натаму внимателно се следат. И да го надополни отсуството на неговиот „поголем брат“ USS „Абрахам Линколн“ кој во мометов е на поправка и санација во Сплит.

error: Содржината е заштитена од копирање !!