Македонија со седум гола предност против Словачка, СП е на чекор
15/05/2026 9:17
Ракометната репрезентација на Македонија направи голем чекор кон пласман на Светското првенство, откако вечерва славеше на гости кај Словачка со убедливи 31:24 во првиот бараж-меч.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа сигурен натпревар во Прешов и уште во првото полувреме покажаа дека се поквалитетен противник. Македонија на паузата замина со предност од 18:13.
Во второто полувреме македонските ракометари рутински ја контролираа играта. Не ѝ дозволија на Словачка да се врати резултатски и на крајот стигнаа до убедлива победа од седум гола разлика.
Најефикасен во македонскиот состав беше Филип Кузмановски со десет погодоци. Значаен придонес даде и Милан Лазаревски, кој натпреварот го заврши со седум гола.
Со оваа победа, Македонија си обезбеди одлична позиција пред реваншот во Скопје. Вториот натпревар ќе се игра на 17 мај во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде македонските ракометари ќе имаат шанса пред домашната публика да го потврдат местото на Мундијалот.
Светското првенство ќе се игра во Германија во јануари следната година.






