Денеска сончево и топло, за викендот се очекуваат дожд и грмежи
10/07/2026 7:22
Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност,.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени.
Максималната дневна температура ќе достигне од 28 до 34 степени.
Времето во Скопје
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 15 степени.
Максималната ќе достигне до 34 степени.
За викендот промена на времето
Утре и во сабота времето ќе биде сончево и топло.
Ќе има мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во недела ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен до засилен ветер, претежно од северозападен правец.
Од понеделник следува период на претежно стабилно и топло време.






